Емил

четврток, ноември 23, 2006

ШТО НАПРАВИ ВИУЛИЦАТА?

Во утрото свежо
паѓа тежок мрак.
Во мракот свеж
започнува тешка виулица.
Фиуууууууууу.....
Уф, уф, што ќе беше ова?
Мама под сопствениот
фустан се крие.
- Не плаши се од мене, - вели
мракот во тишината, облеан
во роса, со мирис на утрината.
Еј, види, на прозорецот
самовила се залепила,
а тој ја турка од себе
како да е зла вештерка.
Плочките во бањата
започнуваат да се тетерават
и како епилептичари
паѓаат врз замрзнатиот бетон.
Мама сé уште под
фустанот се крие.
Јас се вртам и погледнувам
кон транзисторот.
Еј, тато си ја зел главата,
си ја ставил под левата мишка
и си ја чеша косата,
размислувајќи за
мудроста на сопственото тело.
Одеднаш се разденува.
Виулицата престана,
самовилата одлета,
мама го соблече фустанот,
плочките се смирија,
а тато се фрли низ прозорецот.

1997

Етикети:

2 Comments:

  • Boze Emil!
    Ufffff :-((
    Dali ova si go napisal togas, vo 1997?

    Pozdrav!
    http://nestolicno-natka.blogspot.com/

    Imaj ubava vecer!

    By Blogger Natka, at 3:53 попл.  

  • Да, тогаш, во 1997. Одамна беше, ама не се срамам поради тоа што сум го пишувал. Едноставно тоа биле тогашните импресии и чувства. Се менуваме, ама некои рабопти длабоко, во сржта, остануваат исти, па така и младешката поезија.

    By Blogger Емил, at 12:17 претпл.  

Објави коментар

<< Home