Емил

среда, септември 27, 2006

ПОЛИТИЧКИ АНГАЖИРАНА МУЗИКА

Деновиве, додека го слушав последниот албум на Едо Маајка, почнав да размислувам за политичката ангажираност на музиката, особено кога станува збор за рапот и хип-хопот. Со многумина со кои сум разговарал велат дека се против политичкото ангажирање на уметноста, без разлика кава и да е. Но, дали можеме да ја одделиме уметноста, однсно културата, бидејќи зборуваме за рап култура, која не е признаена како уметност, од политичките текови?
Па, една ваква кратка анализа ќе ја започнам со нештата со кои се занимава уметноста, односно музиката. Прво што секому би му паднало на памет е љубовта. Таа е универзална и постојано е актуелна, па затоа и мошне често ја среќаваме во музиката. Се воспева првото вљубување, среќно вљубениот пар, се проколнува оној што некому му го слршил срцето, онаа другата што и го зела мажот, несреќната љубов - значи се обработува љубовта од сите можни агли, перспективи, начини! И тука нема ништо лошо.
Вториот материјал за опсервација е природата. И навистина заслужува. Природата е едно од нештата што не смее никој и никаде да го заборави. Макар што морам да принзаам дека во последно време е запоставена од страна на уметноста, но затоа ми е мило што луѓето ја посетубваат и стапуваат во комуникација со неа.
Примери можеме да редиме до сто и една и назад. Ама, сега е е време за политиката. Навистина, порано таа не била некаков огромен предмет на опсервација од страна на музиката, но затоа тогаш доминирала во литературата или во сликарството. Демократијата, пак, си го направи своето. Движејќи се на работ на анархија, таа дозволува секој да си каже што има, памакар сето тоа да звучи крајно вулгарно, а во некои сегменти и простачки. Но, тоа е и поенатата на демократијата во музиката - секој си има свој начин и бира средфства за изразување што нему му одговараат. Згора на тоа, кога политиката има право да и „упаѓа во збор на музиката„ таа мора да реплицира, бидејќи тоа е нејзиното демократско право. Башка, сите пликања по политиката и политичарите се мошне добар вентил за ослободување од прозаичните фрустрации на човекот. Е, токму тука е и оправдувањето на политички ангажираната музика: таа му служи на човекот, а тоа е и нејзината основна функција.
Јас продолжувам да го слушам Едо Маајка, иако некој можеби ќе каже дека навистина правам турлитава со изборот на музиката што ја слушам, но сепак сум космополит, специјалност ми се варијациите, варијантите и варијабилите.

среда, септември 20, 2006

ДРКАЏИИ НА КИЛО - ЕБАЧИ НА ГРАМ

Многу ме нервира во овој машкиов свет што сите се прават ебачи! Еј, ја легнав онаа! Еј да видиш само што сум и правел! Цело време викаше дека не пробала бољи од мојот кур!
Е, тоа се само дел од речениците што можеш да ги слушнеш од некој балкански типац. А, што всушност се случило? Он цело време седел како тутуле-бале и не знаел што да прави. Во еден случај цурата не сакал да му даде зашто е сељак, а во друг она му барала, ама нему не му се дигал, па ја однел на ќебапи.
Има уште нешто многу посмешно! На балканот важи едно правило: ако девојката имала многу сексуални партнери тогаш е курва и тоа во негативна конотација, ама ако типот имал многу девојки тогаш е ебач, и тоа се смета за позитивна работа!
Јас, како човек за кој другарството не се базира врз основа полот, сум слушнал толку смешни приказни од моите другарки, што едноставно се срамам од сопствениот пол. А, убаво викаше една моја другарка: А, бе, не е свесен дека јас него го ебам, а не он мене, пошто не може да го мрдне гзот и да ми го погоди клиторисот, па морам јас да се местам како мене ми е згодно!
Затоа мислам дека во скривниците на Кале, треба да се организираат курсеви за мажи, при што ќе се обрне внимание на хигиената, однесувањето и перформансите, инаку за некое време машкиот род ќе биде до толку искомпромитиран, што само еднаш годишно, само за Нова Година., жените ќе добиваат на подарок СЕКС! ;-)

вторник, септември 19, 2006

МАЛКУ ВО ОДБРАНА НА МАЖИТЕ

Откако го кажав она што сакав да го кажам во врска со хигиената кај мажите, се замислив како е тоа толку лесно за жените. Потоа ми текна дека освен секојдневните редовни козметички третмани низ дома, жените имаат и козметички салони, каде некој може да се погрижи за нивната убавина и за добриот изглед.
Секако многупати сум слушал за ладни/топли депилации, па за безболни депилации, па за депилации на „препони„, па за бразилска депилација. Колку ли можности за „изразување„ има кај жените, тоа е неверојатно.
Затоа прошетав малку по Интернет сајтовите и разгледав што се се нуди за разубавување на „понежниот„ пол. Токму во тој момент ми текна дека и мене ми е потребно да се средам, односно да се погрижам за сопствените интимни делови.
Затоа си реков дека и јас можам да си побарам некое стручно лице да ме среди. Е, тука започна маката. Не знаев каде да се обратам. Во мојата населба има еден козметички салон, каде редовно одам на педикир, и знам дека се занимаваат со депилација и слични работи. Нејсе, отидов. Кога ја прашав, девојката ме погледна збунето и речиси со насолзени очи ме одби.
Ништо се вратив дома. Ја зедов Златна книга и почнав да се јавувам по телефони. И? Крајниот резултат на моите јавување е тоа што ниту еден козметички салон не се занимава со услуги за мажи. Ебате, белја, и потоа жените биле дикриминирани! До кога, бе, вака? Шугав ли сум јас? Или им е страв да не ми се дигне случајно за време на „безболната„ депилација, па дека ќе ја натегнам козметичарката? Или тие со очи кур не виделе, па се срамат?

среда, септември 13, 2006

ЗА МАЖИТЕ ШТО САКААТ СЕКС

Откако неколкумина приватно ми го пофалија последниот пост, а тоа беа мои другари, решив дека треба да обрнам малку повеќе внимание на нас, мажите. Кога станува збор за секс... Секс? А, што би требало јас да знам за мажот и сексот освен дека, yet not necessarily so, треба да го искористи алатот што му се наоѓа меѓу нозете за да се олесни. Така, а? Па, не би се сложил баш!
Ми текнува на една сцена од Sex and the city, каде легендарната Саманта, откако му го испуши на типот, му рече: Could you shave or something? Blowing you is like getting my teeth flossed. И кога навистина ќе размислам, има право жената. Мал број мажи внимаваат како изгледаат down there. Можам да тргнам само од фактот дека кога сум на плажа и ќе видам како од гаќите за капење излегуваат влакна, ми се кожи ежата. А, замисли кога некој-а би требало да се справи со таа грмушка.
Исто така можам да си замислам како изгледа пушење, или воопшто секс, кога ќе собереш неистушрано машко. Ова особено важи за европското сексуално подрачје, каде поголемиот број мажи не се обрежани, а знаеме дека последната капка останува во гаќите, односно последните две на кожичката. И оди потоа, госпоѓице/госпоѓо/господине, стави го тоа во уста.
Можам да замислам како е да се води љубов со такво машко, па да треба со јазикода се поминува по неговиот врат, гради, стомак, а тој, кутриот, сапун и вода не видел со денови. Едноставно кажано: БЉАК!
И уште нешто ми текнува. Кога бев на прва година во средно училиште се запознав со „Страв од летање„ на Ерика Јонг. Дури и тогаш ми беше просто неверојатна приказната како по жестокиот секс, девојката забележува кафеава трага на својата бела постелнина. Демек, ако мажот таа дупка не ја користи за секс, не треба да биде чиста. Ха-ха! И потоа зошто кружат гласини дека мажите не се чисти. Е, па, токму затоа!

вторник, септември 12, 2006

БАЛКАН БОЈ

Мојот претходен пост го започнав со една мисла како изгледаат мажите кај нас. И токму во него ја изложив идејата за слобода на градње сопствени критериуми. Но, дали е се така едноставно како што би требало да биде?
За нас велат дека страдаме од Балкански синдром. Не би се сложил. Сум патувал, сум видел, сум се запознавал. Секаде има различни луѓе, па според тоа, и различни мажи. Проблемот е еден: колку мажите држат до себе и до личната хигиена?
Јас јавно и без срам изјавувам дека ги отстранувам влакната под мишки. Можеби тоа е интимна работа и многумина сметаат дека не треба да се зборува за тоа. Е, треба! Зарем не ви се случило во некој жежок летен ден до вас да застане некој маж, да ја крене раката угоре, а со тоа вие да се најдете лице в лице со неговата грмушка. Токму тогаш сфаќате дека нешто не е во ред. Што би рекле нашите северни соседи „заудара„.
Колку ваквиот феномен кај мажите е доказ дека некој е маж? Јас би рекол дека е сосема спротивно. Остај што апсолутно не е хигиенски, во повеќето случаи и неестетски, ами се работи за немање храброст. Некој едноставно нема храброст да ги симне тие влакна од под мишките и да покаже дека е чист, уреден и оти не му е гајле што мислат другите за тоа.
И уште едно нешто. Сте забележале ли колку мажите не внимаваат на своите стапала? Зарем е толку тешко да се отстрани „кората од кашкавал„ од нив? И повторно, прашањето не е естетско, ами хигиенско, а секако и здравствено. Во тие „кори од кашкавал„ се котат милион бактерии, па дури и паразити. Во тие процепи влегува се и сешто собрано од улицине. А, да не зборуваме дека секој ортопед ќе ви потврди дека таквата ситуација влијае и врз рамнотежата, зашто се губи чувтвото при одењето. Та, тоа е мртва кожа, изумрени клетки, зошто да стојат на нас?
Трет феномен - мрсна коса. Замислете, сосема е дозволено во нашите услови мажите да имаат мрсна коса. Да, тие треба да ја мијат еднаш неделно. Не е важно што и на неа се лепи се и сешто од возухот, се лепи прав, па сето тоа се пренесува на перницата, во постелата, а од перницата во устата.
И последно, од најважните четири: ќе ми посочи ли некој каде можам да го прочитам правилото дека мажите не треба да се тушираат секојдневно? Е, тоа, навистина не можам да си го објаснам.
Мислам дека беше доста за овој пост. Нека остане уште некој час пауза помеѓу напишаново и мојот ручек. Та, и јас сум човек!

понеделник, септември 11, 2006

ПОСТОЈАТ ЛИ КРИТЕРИУМИ?

Навистина не знам дали треба, ама понекогаш се прашувам што и кој ќе бев јас, ако не сум овој кој што сум. Дали би можел да бидам како и останатите мажи: да гледам фудбал, да пијам пиво, да ждригам каде стигнам и да си ги драпам јајцата на среде улица? Или уште пострашно дали би можел да имам девиза дека природниот мирис на машкото тело е доказ за машкост, па затоа не се потребни парфеми?
Некако ми се чини дека во текот на моето тресетгодишно постоење сум успеал да оформам сопствени критериуми, според кои се раководам низ животот. Единствен проблем претставува нивното усогласување со критериумите на другите. Со оние со кои поголем дел од критериумите ни се поклопуваат стануваме пријатели. Но, што станува со останатите? Дали важи правилото: ако не си со мене, значи си против мене? Дали ако со некого немаме исти критериуми значи дека сме непријатели?
Пред извесно време, всушност постојано, се зборува за турбофолкот. Тоа е нешто што не се вклопува во моите критериуми. Но, дали би можел да ги осудувам луѓето што ја сакаат таа музика? Дали тие истото би го рекле за музиката што јас сакам да ја слушам? Многумина велат дека луѓето треба да се едуцираат. Секако, но само ако тоа го сакаат. Можеш во законот на напишеш дека основното училиште е задолжително, ама и да го завршиш не значи дека ќе се описмениш. А, да не зборуваме за фактот дека забранетото овошје е најслатко.
Впрочем, дали се критериумите наметнати од една група луѓе, сметајќи дека тоа што тие го сакаат е добро и треба да го сакаат и останатите? Дали сум јас редок сеЉак зашто сметам дека филмовите на Милчо Манчевски не чинат? Мојот блог пријател Дуле еднаш се посомнева во онаа „за вкусовите не се спори„, ама мене ми се чини дека таа изрека држи.
Познавам човек, кој е навистина извонреден музичар, виртуоз, професор, човек кој во моментов се наоѓа на заслужена функција. Токму тој човек ужива во звуците на песните на Цеца. Трбеа ли да го осудувам зашто му се допаѓа? Дали критериумите се менуваат и дали Евгениј Онегин, неговиот татко Пушкин и Есенин, на чија поезија се сечат вени небаре е тоа навистина Црниот човек, немаат фелери во своите критериуми? Зошто „Нинанајна„ е поиздржана од „Моја штикла„? Треба ли да ги осудуваме оние што го сакаат турбофолкот, ниските страсти, шпанските серии, кога ние самите подлежиме на скриени ниски страсти, правиме драми од сопствените животи и додека сме во такси, принудно, ги слушаме Цеца и сличните на неа? Постојат ли критериуми?