Емил

сабота, февруари 17, 2007

МАРА - ОСОЈНИЦА

Кажи, мори Маро,
каде го скри
клучот од срцето на Митрета?

Го скрив онаму,
далеку,
зад три ридој
и зад четири реки,
каде мечка не оди,
каде прч не се качува!

Кажи, мори Маро,
зошто го скри
толку далеку
клучот од срцето на Митрета?

Морав да го скријам,
за никој да не го најде,
оти видов дека
око му фрлила
Султана русокоса!

Кажи, мори Маро,
зошто ти е страв
од Султана русокоса,
та го скри толку далеку
клучот од срцето на Митрета?

Султана е девојка,
девојка невина,
а мојата невиност
одамна е изгубена,
оти му ја дадов на Митрета!

Етикети:

2 Comments:

  • кутра Мара! нема спас! Султана има детектор за метал ќе го најде клучот

    By Blogger all_is_half, at 10:33 попл.  

  • Браво, мори, Маро... како само ли ти дотекна вакво нешто!Значи, ептен имаш изместен ум (во позитивна смисла)

    By Anonymous Анонимен, at 11:08 попл.  

Објави коментар

<< Home