Емил

понеделник, март 26, 2007

АЈДЕ ДА СЕ ЛАПАМЕ

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли вечерва,
наместо да
водиме љубов,
да се лапаме?

Сакаш ли
со врвот од јазиците
да си ги допираме
крајниците?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
со врвот од јазиците
да си ги оближуваме
усниите?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
да си пентерираме
еден на друг
во усната празнина?

Сакаш ли
да се лапаме?

Сакаш ли
нашите суви јазици
да се обвиткаат еден со друг
и да заиграат во темнината?

Сакаш ли
да се лапаме?

Кому му зборувам?
Тебе?
Или на огледалото?

Етикети:

вторник, март 20, 2007

ТРАКТАТ ЗА ТОА КАКО ОД ПЕВАЉКА СЕ СТАНУВА БЛОГЕР

Таа веќе подолго време ја следеше сцената на новокомпонирана и турбофолк музика. Секогаш им се беше восхитувала на силиконизираните цицлести пејачки, со полни куропушачки усни, од кои излегуваше топол воздух. И така таа реши да стане пејачка. Отиде со мажа си во Шутка, си подзакупи неколку миничи, маички на бретелки, златни ременчиња, нешто бижутерија, танги од црна до бела и неколку пара штикли ала Пигал, ама во кинеско издание. И бидна пејачка. Пееше во кафаната во Драчево, па во Маџари, потоа секоја среда имаше тезга во „Плејбој„ во Сингелиќ, па се редеа и и се изнаредија еден куп други. Се чувствуваше прекрасно во својата кафанска кариера. Но, таа отсекогаш беше амбициозна, па посака малку да се модернизира. Зеде да подучува работење на Интернет. И така додека една слободна вечер додека го гледаше Јанко како јаде мрсен бурек, слушна за нешто што се нарекува „блог„. Потоа во „Време„ ги прочита основите на блогерајот и си зададе себеси задача: Ќе станам блогерка! Си најде и подучувач, па си отвори блог. И почна да пишува. И пишуваше. И пишува. И... И се заборави од пишување. Се здоби со многу блог-пријатели. Обично тоа беа тестостеронџии, тинејџерки, студенти од Штул, љубители на турбофолк, пацери и сеирџии. И така таа стана блогер. И не само блогер, ами и предводник на блогосферата. Секако, на македонската.

Етикети:

четврток, март 15, 2007

КАКО ХУЛАХОПА МУ СЕ СКАРА НА ЕМИЛ

Си беше еден Емил. Си беше и еден ХулаХопа. Всушност родителите на ХулаХопа прво го беа направиле сина си, а потоа родителите на Емил го направија својот син. И така Емил и ХулаХопа егзистираа како индивидуи, кои никогаш не беа се сретнале. И еднаш се сретнаа со помош на медијатор. И така Емил и ХулаХопа почнаа да се дружат. Се правеа муабети, се јадеа пици, се слушаше музика. Еден ден кога Емил беше сиот распаметен, ХулаХопа реши да му се скара. Емил е збунет. Емил не го слушна она: Скар-скар-скар, навистина скар, ако се скараме, пак ќе се смириме, скар-скар-скар!

Етикети:

понеделник, март 05, 2007

СЕ СЕЌАВАШ ЛИ?

Се сеќаваш ли?
Кога беше мала
кога си игравме зад зградата,
јас бев таткото, а ти мајката.

Се сеќаваш ли?
Кога беше мала
се сончавме во дворот,
јас на зелената, а ти на жолтата сламарица.

Се сеќаваш ли?
На скали, на черги,
седнати, еден троножец маса ни беше,
а ние јадевме леб, патлиџан и сирење.

А, се прашуваше ли тогаш,
зошто не можеш да мочаш стоечки?

Етикети: