Емил

недела, февруари 08, 2009

EDGEPLAY

Ме фаќа за коса одзади
и почнува да ме влече.
Телото, веќе омалено,
одвај со врвот од стапалата се крепи.

Ме остава на земја -
паркетот е убаво излакиран,
а едно петно на него
небаре око што ми намигнува.

Устата ми е сува и изгризана
како меѓа од црвеница,
од окото солза се слева
за да ја напои.

Гледам угоре во сивите очи
што ме впиваат со убиствена сласт,
улава насмевка го покрива
моето тело.

Ги затворам очите,
подготвен сум да се согласам.
Не можам повеќе да издржам,
нека заврши ова - одмор ми треба.

Се наведнува над мене
и ме гледа право в очи.
Пеколен план е
напишан во нив.

Со ковчестите раце
ме фаќа за вратот и
со прстите полека
поминува долж него.

Испуканите јагодици
ме гребат како трпки.
Подголтнувам и длабоко
земам воздух.

Главата ми отскокнува
од силниот притисок.
Адамовото јаболко
ми оди нагоре-надолу.

Притиска посилно и посилно,
а вдишката одвај
успева да помине низ
дишните патишта.

Јазикот почнува да
ми се тетарави,
очите ми плачат сами,
носот ја продолжува борбата.

Испуштам сув и сив извик,
ја чувствувам потта по лицето,
таванот ми се приближува,
паркетот се поткрева сосе мене.

Како во огледало да се гледам
со зацрвенето лице.
Ми треба воздух.
Сакам воздух.

Подстенкувам и почнувам
да ја вртам главата.
Ќе ме убие! - велам.
Ми треба воздух.

Не можам да се сетам...
Морам да се сетам...

Safeword: Карпа!

КАРПААААААААААААААААААААА!

Етикети:

1 Comments:

Објави коментар

<< Home